Настани
ДАРКО АЛЕКСОВСКИ: ПЕЈЗАЖИ НА ВОСХИТОТ
08/04/2022 – 26/05/2022
Пејзажи на восхитот е самостојна изложба на уметникот Дарко Алексовски, еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на 13. Меѓународно биенале на млади уметници (2021). Наградата подразбира реализација на самостоен проект во Музејот на современата уметност – Скопје.
Изјава од авторот
Пејзажи на восхитот[1] е наративен и истражувачки уметнички проект составен од три засебни целини, кои меѓусебно наративно и формално се надополнуваат. Проектот е надоврзување на моите тековни уметнички интереси именувани како Места за мечтаење, и тргнува од чувствата на заљубеност во конкретни места и патувањето како метод за вчудовидување од секојдневниот живот, кои ги третира како утописки предлози за „надминување на ограничувањата на една отуѓувачка присутност [што] ни овозможува да видиме едно поинакво време и место.“[2] Пејзажи на восхитот е комплексен приказ за барањето и лутањето низ секојдневието, емоционалните процеси на заљубувањето и невозвратената љубов, како и постојаниот копнеж по нови неостварени начини на сеќавање.
Трите сегменти од кои е составен целиот проект се: Мал прирачник за мечтаење(A Small Handbook for Daydreaming) – тековна серија самостојно издадени уметнички зинови; Сцени од секојдневниот живот што постојано се одвиткуваат (Constantly Unfolding Scenes from Everyday Life) – серија дела кои се занимаваат со фрагментираноста и ефемерноста на пејзажите на секојдневието; и Хоризонт што не може да се види, но може да се замисли (A Horizon Which Cannot Be Seen, but Can Be Imagined) – серија колажи проектирани на аналоген проектор кои се занимаваат со сеќавања поврзани со хоризонтот како место кое е крајно недостижно. Делата во сите три сегменти се предлози за повеќеслојно прикажување на делови од мојата имагинација и нивната релација со стварноста во која се случуваат. Во таа смисла, предложените серии дела во различни медиуми, како и специфичното контекстуално поставување во музејскиот простор, приспособен за нивното исчитување, се формираат на пресекот помеѓу визуелните уметности и пишаната нарација како наративно средство.
[1] Пејзажи на зачуденоста (eng. landscapes of astonishment) е термин преземен од воведот на Cruising Utopia: The Then and There of Queer Futurity што Хозе Муњоз го користи за да ја контекстуализира поезијата на Френк О’Хера.
[2] Muñoz, José Esteban (2009) Cruising Utopia: The Then and There of Queer Futurity. New York and London: New York University Press.
Селмани е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, а наградата подразбира реализација на самостоен проект во Музејот на современата уметност – Скопје. Пред него годинава самостојно изложуваа другите двајца наградени автори Наташа Неделкова и Дарко Алексовски.
Презентирајќи разновидност и сајт-специфична интервенција во просторот на МСУ-Скопје, изложбата на текстуални дела, објекти и видео се обидува да воспостави нови релации во дадениот контекст, јасно покажувајќи ги начините на кои Селмани духовито користи специфична форма на хумор за да го истражи и преиспита секојдневието, коешто обично се врзува за апсурдни традиции и хиерархиски структури.
Широкиот опфат на дела на Селмани кои се фокусираат на различни прашања од нашата несигурна современост, почнувајќи од популарната култура, до доминантните дискурси на моќта кои ги обликуваат нашите животи, ги преиспитуваат и историските наративи, стереотипите, чувството на припадност и исклученост.
Делата на Дритон Селмани секогаш се конструирани како имагинарен дијалог, со публиката, но и со самиот себе, како серија на кратки изјави или реторички прашања, отворајќи нови перспективи за нашето разбирање на себството, за заедничкото и за различните аспекти на современиот живот.
Самиот наслов на изложбата јасно покажува како Селмани користи неочекуванисопоставувања и иронија – извртување на берберска изрека, со референца на стих од едно од неговите омилени поетски дела, „Туѓинецот“ (L’Etranger) од Шарл Бодлер. Всушност, тој со интенција ги бара и ги наоѓа точките каде што јазикот се прекршува, каде што отвора јаз, пукнатина меѓу нештата, зборовите и новоконструираната слика, трансформирајќи го познатото во зачудна уникатна ситуација, а потоа повторно се враќа од фикциското кон разбирање на секојдневието.
Интервенирајќи во областа на јазикот, од старата народна мудрост до поезијата и детските песни, практиката на Селмани ги допира стравовите, неволјите и грижите што ги изразуваат обичните луѓе. Тој има за цел да ги деконструира длабоките структури и интернализираните културни конструкции со цел да ги разбереме, со што ни нуди уникатна можност да застанеме заедно и да се соочиме со моќните визуелни дела со маестрална едноставност. Бидувајќи во оваа состојба на чудното каде што се вкрстуваат поетското и политичкото, тој во никој случај не е туѓинец. Напротив, токму тука го наоѓа својот дом.
Куратори на поставката се: Владимир Јанчевски, Ива Димовски и Благоја Варошанец.