Настани

Реме-кдела за сите: Музеј во куфер

24/11/2025

„МСУ ремек-дела за сите“ – иницијатива посветена на поголема пристапност до современата уметност.

Mултисензорната еднодневна изложба „Музеј во куфер“ e составена од тактилни реплики на 11 внимателно избрани дела од колекцијата на МСУ, реализирана во рамките на проектот „МСУ ремек-дела за сите“ – иницијатива посветена на поголема пристапност до современата уметност. Проектот беше реализиран преку серија на меѓусебно поврзани активности насочени кон подобрување на пристапноста и инклузивноста на МСУ за посетителите со оштетен вид и слух. Имплементацијата вклучуваше соработка меѓу персоналот на музејот, национални и меѓународни експерти, партнерски институции и целни групи корисници, осигурувајќи дека кон музејската инклузија се пристапува целосно и одржливо.

Проектот вклучува изработка на „МСУ Студија за пристапност“ во соработка со експерти од областа на музејска инклузија: Д-р Ирена Ружин (С. Македонија) и М-р Жељка Сушиќ (Хрватска), „Обука на музејски кадар за зголемена музејска пристапност“ во МСУ-Скопје од страна на Д-р Ирена Ружин, М-р Жељка Сушиќ,  М-р Жељка Боснар-Салихагиќ од Тифлолошкиот музеј, Загреб (Хрватска) и м-р Јове Парговски (С. Македонија). Изработен е и “музеј во куфер“, составен од тактилни реплики на дела од МСУ колекцијата, НФЛ тагови од м-р Јове Парговски, со звучни описи на Брајово писмо и видеа со знаковен јазик за сите дела. Вклучени се и 3 уметнички дела во 3Д инспирирани од тактилните слики. Партнери на проектот се Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје и Здружението на лицата со телесен инвалидитет на Скопје „Мобилност“.
На настанот свое обраќање имаше кустосот Бојана Јанева, која со својата посветена работа во полето на инклузијата отвори ново поглавје во дејноста на Музејот на современата уметност.
Проектот е поддржан од Балканската музејска мрежа преку Хедли фонд за културно наследство на југоисточна Европа, Велика Британија, како и од Министерството за култура и туризам.

15. БМУ е двогодишно, process-based биенале, курирано од уметницата и кураторка Нада Прља и кураторот и едукатор Себастијан Чичоцки. Биеналето ќе се отвори на 18 ноември 2025 година (во МСУ – Скопје) и на 28 ноември 2025 година (во Музејот на Македонија и ОУ Ј.Х. Песталоци), развивајќи се низ четири поглавја што ги одразуваат промените на годишните времиња.
Проектот го реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам. Пријатели на МСУ – Скопје: Австриска амбасада – Скопје и Тиквеш, Кавадарци.

Адреса

Самоилова 17 Скопје, 1000

Република Северна Македонија

Работно време

Вторник – Сабота
10:00 – 17:00

Недела
09:00 – 13:00

Влезници

Износ на билет:

100 денари