Настани

Маратонско предавање на Марко Погачник

02/12/2025 во 18:30 часот

Со особено задволство ве покануваме на предавањето на истакнатиот словенечки уметник Марко Погачник, на 2 декември 2025 (вторник) со почеток во 18:30 часот во Музејот на современата уметност – Скопје. Неговото гостување се реализира во рамки на интернациналната групна изложба „Истокот e сè уште можен“ во соработка со Модерна галерија и Музејот на современа уметност Метелкова од Љубљана.

Предавачки маратон на Марко Погачник

Предавачкиот маратон се состои од 3 предавања од по 45 минути и пауза од 15 минути помеѓу нив. Темите на предавањата се:

  1. Трансформации на словенечкото движење ОХО 1963-1970 и значењето на тоа движење за совремната епоха.
  2. Комуната во Шемпас 1970-79 во знакот на поврзување на уметноста и земјоделството и концептот на „третата уметност“.
  3. Што се случува со Земјата во времето на климатските промени, квантниот скок на копнениот простор и улогата на природната интелигенција во овој процес.

За време на паузата, можете да влезете или да го напуштите маратонот.

Марко Погачник е роден во 1944 година во Крањ, Словенија. Тој е еден од основачите на движењето и групата ОХО и на комуната Дружината Шемпас. Во средината на 1980-тите, тој развил модел на лекување на природни и урбани простори врз основа на литопунктура со поставување камени столбови со исклесани космограми како игли за акупунктура на одредени точки во витално-енергетскиот систем на просторот. Во 2016 година, УНЕСКО му ја додели титулата Уметник за мир. Тој го дизајнирал националниот грб на Република Словенија. Погачник е донатор во збирките на МСУ со серија цртежи од Дружината Шемпас и „Споменикот на природата“, сајт-специфичната инсталација во паркот пред МСУ Скопје.

Адреса

Самоилова 17 Скопје, 1000

Република Северна Македонија

Работно време

Вторник – Сабота
10:00 – 17:00

Недела
09:00 – 13:00

Влезници

Износ на билет:

100 денари